Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Игор Ивановски: „Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена.“
Мицкоски одамна ја кажа истата реченица: сакаме во Европската Унија, ама не по секоја цена.
Одеднаш истите зборови. Истот речник. Истата кочница.
Како тоа одеднаш истиот став? Како истите реченици токму сега, пред посетата на Фон дер Лајен?

Арамијата Мицкоски веќе ја подготви листата со изговори: референдум во Исланд, војни, избори во покраини каде победуваат екстремни структури, Ле Пен во Франција, светот се менува, другото не е на нас.

Што имаат германските покраини и францускиот циклус со патоказот што нам не ни го дадоа?
Ништо.
Имаат функција: да објаснат зошто ние стоиме, а вината да не падне на кабинетот.
Чудно како сите шеми водат кон Шема, кон Ќурчиев, кон Андреј Перов, кон Славјанка- тендер од 1,6 милиони евра.

Чудно е како одеднаш руската партија Левица, анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка – се коалицира со ЗНАМ, прва и втора верзија и со кафеанската платформа.
Лажна опозиција, а истиот далечински управувач за таа елита.
Сега јасно ли им е на граѓаните која е српско-руската агенда? Македонија надвор од Европската Унијата. Институции на телефон.
Патоказ за другите. За нас ходник, антимон и „не по секоја цена“.

Цената ја плаќа народот. Не кабинетот. СДСМ е за ЕУ по заслуга, и за реформи, судство, закон за сите.

Тие се за цена што ја крои Мицкоски. Затоа платформата го зборува неговиот јазик. Затоа „Спутник“ се прави опозиција. Затоа вратата стои затворена.
Нема две политики. Има една шема и еден арамија на чело со истиот далечински управувач.