Филипче: Мицкоски не сака во Европа поради европско обвинителство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски не сака во Европа поради европско обвинителство, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека Мицкоски ја блокира европската интеграција на државата не поради уставните измени, туку поради стравот од европското обвинителство и отворањето на случаи кои можат ја засегнат и власта. Тој потенцираше додаде дека европскиот пат за Македонија значи и воспоставување систем во кој институциите ќе работат независно, а случаите за кои постојат сомнежи ќе можат да бидат проверени и од европските институции.

„Сосема е јасно дека Христијан Мицкоски не сака во Европа поради европското обвинителство и не само поради уставните измени. Тука можеби и поради од тоа што е потребно да се отворат конечно досиејата на УДБА. Затоа што во рамките на овој Француски предлог не се само уставните измени, треба да се отворат и да се расчистат и досиејата на поранешна некоја шпионска служба од држава која повеќе не постои. Граѓаните мора да знаат. Мицкоски ги лаже. Тој не е за Европа, затоа што сака тука да тера бизниси и не е за европско правосудство. Тоа е суштината. Затоа што сите велат дека самите уставни измени не се проблем, туку тоа што треба да се направи после тоа“, рече Филипче.

Тој додаде потсети и претседателката на Европската Комисја Урсула фон дер Лајен изјави дека пред членство во ЕУ за сите земји кандидати ќе претходи соработка со европското обвинителство.

Филипче посочи дека токму во Мастер планот на СДСМ е предвидена соработка со Европското обвинителство и ревизија на тешки случаи кои создаваат немир во општеството, при што европските обвинители би можеле да ги истражат случаите и да ја осветлат вистината пред јавноста.

„Еве гледаме дека и претседателката фон дер Лајен кажува дека пред членство во Европска унија за сите земји кандидати ќе претходи соработка со Европското обвинителство.Прва работа од Мастер планот е продолжување на европскиот пат. Да знаат граѓаните дека ние сметаме, како што огромното мнозинство, близу 80% од граѓаните сметаат, дека ние немаме друга алтернатива освен Европа. Потоа потребата за правда. Два специјални закони, еден за соработка со европското обвинителство, ревизија на случаите кои создаваат немир во општеството. Ќе има правда,стандард, и ќе има Европа. Затоа што никој ништо не може да ме запре во борбата за подобра држава, за некорумпиран систем, искоренување на корупцијата, за побогати граѓани и за европска Македонија.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2250029542523210