Соопштение за јавност
Арамијата Мицкоски го прати чиракот Николовски да го нападне СДСМ и проф др Венко Филипче.
За што? За наводна продажба на пет компании на Бугарија.
Каква врска има тогашниот министер за здравство со продажба на приватни компании?
Никаква.
ВМРО-ОКГ повеќе не знае што да измисли. Нема одговор на секојдневните криминални и коруптивни шеми. Нема одговор зошто Македонија е изолирана. Нема одговор на катастрофалната економија.
Изолацијата е нивно бегство од Лаура Ковеши, од европското обвинителство и од правда што не се пушта на телефон.
Па се измислува сега дека министер за здравство има врска со пет компании. Ама не се знае кои. Како инвеститорите на Мицкоски. Секогаш некој, некоја фирма, некој инвеститор.
Само не може да се каже името.
Николовски нека го послуша својот шеф, арамијата Мицкоски. Преспанскиот договор го нарече ремек-дело на дипломатијата. Сиљановска рече македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени. Сега може да ја послуша и Фон дер Лајен. Го рече истото.
Тоа не беше празен лист туку договор на хартија што го заштити македонскиот идентитет.
Празен лист и празни реченици се дела на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски, не на државотворна партија како СДСМ.
Гебелс повеќе не поминува. Латас повеќе не поминува. Колку погласно, толку поточно, тоа веќе не држи.
Николовски подобро да одговори каде се парите од кинескиот кредит. На граѓаните, и тоа сега. Не на Лаура Ковеши, тоа следува подоцна. Подобро да му се суди дома, отколку надвор.
Кога арамијата го отпиша, го смени и му ја укина функцијата потпретседател на партијата, сам виде како се завршува во оваа банда.
И уште едно нешто. Николовски најави 50.000 мигранти, односно економски работници, за следната година. Ама арамијата го дуплираше, речиси 100.000. Нека им кажат на граѓаните колку увоз договориле.
Пет компании без име не се одговор. Одговор е бројката за увоз што ја кријат зад Декрет изгласан во Собрание.


