Соопштение за јавност
Заменичката претседател на СДСМ и носител во ИЕ5 – Радмила Шекеринска, вечерва беше гостинка во вестите на ТВ Сител.
Таа изјави: Создаваме нова македонска развојна економија која ќе обезбедува повисоки плати, и ќе обезбедува повисоки пензии. Ако само за две и пол години успеавме минималната плата да порасте од 9.000 на 14.500 денари, преземаме обврска и тоа можеме да го сработиме на крајот на мандатот минималната плата во државата да изнесува 20.000 денари.
Исто предвидуваме до 30 % пораст и на просечната плата, тоа ќе го правиме на тој начин што силно ќе ги подржиме фирмите. Планираме 600 милиони евра, 300 од буџетот а 300 од европските фондови да ги насочиме кон домашните фирми за да им помогнеме да создаваат подобри платени работни места.
Предвидуваме пензиите практично да растат и со усогласување на трошоците за живот, но минималните пензии да пораснат до најниска која што ќе биде дефинирана 10.700 денари.
Во ИЕ5 ставаме акцент на инвестиции во инфраструктура и во крупни проекти кои ги враќаат парите кај граѓаните.