Соопштение за јавност
Црните кампањи, личните дискредитации и влезот на српските медиуми се дел од спрегата Мицкоски-Вучиќ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче потсети дека српски медиуми добија дозвола за работа на незаконски начин, а нивното влијание е дел од пошироката политичка, бизнис и криминална спрега Мицкоски-Вучиќ.
„Медиумите – па зарем има што повеќе и има потреба повеќе да се зборува. Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Директно од него. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас“, рече Филипче.
Филипче посочи дека и самиот беше мета на лични дискредитации и кампањи, се со цел да го нарушат неговиот кредибилитет.
„Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, нагласи дека токму овие политичките и бизнис-релации меѓу власта во Македонија и структурите блиски до Александар Вучиќ, се спрегите што го хранат режимот на Мицкоски.
„Тие бизнис, политички и медиумски спреги на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.
Тој додаде дека политичките промени во регионот покажуваат дека на овој модел му доаѓа крајот и порача дека СДСМ нема да се откаже од борбата за демократска и европска Македонија.
„Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок-партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче.
Линк до видео:
