Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница, му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе мора да соочи со последиците од патот што сам си го избрал. Филипче посочи дека Мицкоски ја губи поддршката од Србија и ќе мора да одговара и пред европските институции за сите сомнежи во однос на финансиски трансфери, банкарски зделки.
„Јас знам дека себе сега тебе не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места. Онака како што јасно и недвосмислено, многу брутално што би рекол ти робусно кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека пред Европа ќе треба да се одговара пред Европското обвинителство и европската обвинителка Лаура Ковеши“, рече Филипче.
Филипче укажа дека Мицкоски има многу прашања за одговорање како што се унгарскиот кредит, Алта банка, пет тони дрога преку граница. Тој посочи дека се отвораат сериозни прашања за финансиските текови и можните трансфери на пари од Србија во Македонија, додавајќи дека доколку овие информации се точни, Мицкоски самиот ќе мора да се соочи со последиците од патот што го избрал.
„Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации. Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа навистина така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче.
