Мицкоски преку Трајчевски и АВМУ се обидува да ја забрани прес конференцијата на Филипче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски е во паника.

Преку Зоран Трајчевски и АВМУ се обидува да ја забрани денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, да не се емитува на медиумите.

Забрануваат пренос во медиумите, се закануваат со казни повикувајќи се на изборниот молк, иако СДСМ не учествува на изборите во Брвеница и не поддржа никого во вториот круг.

Истите методи како на Вучиќ во Србија, обиди за цензура.

Нема да не замолчат. Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ќе ја одржи забранетата прес конференција, денеска во 13:30 часот во СДСМ.