Соопштение за јавност
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени инвестиции во три фабрики.
Не ги именува инвеститорите. Не ги кажа локациите. Не ги кажа секторите. Не ги кажа износите. Не кажа колку работни места. Само „ќе ги објавиме во декември“.
Дали некогаш Мицкоски кажал со кого преговара и со кого договара? Дали се остварила некоја од тие фантомски инвестиции што ги ветува?
Каде се инвеститорите од Давос? Каде се инвеститорите од Америка? Каде се инвеститорите од Европа?
Чекаме само да најави роботи и летечки такси возила како Вучиќ. Сè лага до лага.
Вака не се однесува ниту еден државник во светот. Вака се однесува уредник на жолт печат. Само за наслови на македонскиот Информер. Ништо друго.
Како платите, зголемени, ама работниците уште не ги виделе. Како пензиитем 16 пати поголеми ама ги нема на сметка кај пенизонерите. Како трета економија во Европа. Најбрзо растечки плати. Најдобри во туризмот и авио сообраќајот. Цртање на табла како Вучиќ. Изјави како Вучиќ.
Реалноста: задолжување од 4 милијарди евра, кошничка со стан од 90.000 денари, минимална плата од 400 евра. Алта банка пред гасење. Криминалот и корупцијата цветаат – тоа го вели и извештајот на ЕК.
Бајките на Христијан Мицкоски повеќе не поминуваат. Зборовите на барон Минхаузен на сите им се јасни. Сè е магла и само пропаганда.

