Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за Aлта банка. Сега ВМРО-ОКГ вели „Народната банка носи одлуки, а не партиите“

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ОКГ реагира: Народната банка носи одлуки, а не партиите. Случајот со Алта е „увезен проблем“. Опозицијата шири паника.

Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата за Алта банка. Од која партија е Мицкоски? ВМРО-ОКГ, истата оваа што сега се пере преку гувернерот.

Велат „увезен проблем“. А кој го увезе проблемот? Мицкоски.

Од која партија? Од СНС, сестринска на ВМРО-ОКГ.

Кој вршеше притисок? Мицкоски. Кој ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција? Мицкоски.

Кој го внесе и осигурувањето? Мицкоски. Кој ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта банка? Мицкоски.

Во Европа имаше санкции и суспензии. Во Црна Гора регулаторот го одби влезот на Алта и ги потврди притисоците. Во Србија сега има отворен стечај, апсење на Мацура и истрага за 380 милиони евра пари земени во кеш, а допрва ќе се отвораат други истраги и ќе се обзнануваат приватните сметки на функционери на СНС.

Формалниот сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот. Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ во Македонија. Со ЗНАМ и Максо, со Стојилковиќ, со Мицкоски.

И покрај сето тоа, Мицкоски вршеше притисок. Славески го призна притисокот. Сега партијата вели дека Народната банка носи одлуки самата.

Нека се договорат Славески и Мицкоски кој е виновен. Кој му даде на човек под истрага, сопственик на менувачница, дозвола за да народот на Македонија му ги довери сопствените пари. Кој дозволи парите на граѓаните од јавните претпријатија да се стават таму?

На хартија во обвинението ќе биде Славески. Ќе ја превземе ли одговорноста за Мицкоски?

Ова е веќе видено сценарио од Србија. Вучиќ исто така изјави дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш долг е редот на сведоци соработници на правдата.

Сега ја обвинуваат опозицијата за ширење на паника. СДСМ не создаваше паника во ЕУ, во Србија и во Црна Гора. Таму гледаме што се случи со Алта банка. Сега работите се отвораат и кон Хрватска.

Оваа регионална Вучиќева пералница на пари ќе стави многу луѓе зад решетки.

Мицкоски е дел од оваа балканска организирана криминална група што ја водеше Вучиќ со години.

Нема бегање од вистината.
Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.
Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара!