Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофатa во правосудството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.

Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада.

Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани.

Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво.

Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин – директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка.

Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски.

Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ.

ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните.

Срам за нашата земја кој го претставува правосудството.

Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.