Филипче побара одговорност за насилството во Охрид: Згрозен сум од обидот да се заташка само поради врските со ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро го осуди бруталното насилство врз младата Сара во Охрид и обидите случајот да се заташка поради врските на сторителот со ВМРО. Во објава на социјалните медиуми, Филипче изрази целосна поддршка за Сара и нејзиното семејство, и побара одговорност од сите кои извршиле, помогнале или прикривале насилство. Тој порача дека неказнивоста и заштитата на насилниците мора да престанат.

„Згрозен сум од насилството во Охрид и потресен од сведоштвото на мајката на Сара, дека имало обид да се заташка случајот, само поради врските со ВМРО. Изразувам целосна поддршка за Сара и за нејзиното семејство. Оваа млада девојка заслужува сигурност, заштита и мирно закрепнување.

Прашањето кое што цела нација денес го поставува е до кога? До кога неказнивост за насилниците? До кога заштита на насилници и тепачи? До кога институционални пропусти? До кога заташкување? Само никој да не одговара од власта.

Барам одговорност за секој што извршил, помогнал или го прикривал насилство. Нема да отстапиме пред насилството и неказнивоста. Пред нас е борба со мафијата. Бандата ќе одговара“, посочува Филипче.

Линк: https://www.facebook.com/share/p/1JQ4aodXCH/?mibextid=wwXIfr