Соопштение за јавност
Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.
Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме.
Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново:
„Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“
Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра.
Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска.
Го признава и самата Кочовска.
Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ.
Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат.
Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година.
Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра.

