Соопштение за јавност
Мицкоски е копија на Вучиќ, секоја афера на власта ја покрива со обвинувања, кривични пријави против опозицијата и дефокусирање на јавноста, потенцираше секретарот за меѓународна политика и член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју во емисијата „Аргумент плус“, на телевизија 24.
Жерновски како конкретен пример го посочи скандалот со Алта банка, за што укажа дека наместо одговори за влезот на банката и сомнителното потекло на парите, власта се обидува со кривични пријави да ја замочи опозицијата што ја разоктива вистаната.
„Веќе една година наназад објаснуваме дека станува збор за криминални пари, пари со сомнително потекло, пари поврзани со операции за перење пари, за банка која Централната европска банка не ја пушта на својот пазар. Една година го зборуваме тоа, а ништо не се презема.Да појаснам, станува збор за пријави против Венко Филипче, лидерот на СДСМ, генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ, и мене, како секретар за меѓународна соработка. Значи, директно против луѓе од врвот на партијата“, рече Жерновски.
Тој додаде дека власта во јавноста има координирани обиди за прикривање на вистината – премиерот Мицкоски, гувернерот Славески и министерката Кочоска даваат контрадикторни изјави и се фаќаат во сопствените лаги, додека документите ги демантираат нивните тврдења.
„Внимавајте на еден синџир на лажење. Трајко Славески прво лаже дека не знае кој е сопственик на Алта банка, не знае кој е, колкаво е сопствеништвото, и вели дека тоа не го интересирало, за потоа, на надзорната расправа, многу јасно да каже дека тие се проверувале.Внимавајте како самите се фаќаат во лага. Министерката Кочоска лаже дека не била информирана, дека не знаела за Алта банка, а ние вадиме документи во кои се гледа дека по нејзин предлог се разгледуваат точки на Влада и се носат одлуки за Алта банка.Премиерот лаже дека во времето на СДСМ се одвивале некакви активности поврзани со Алта банка, што не е точно, бидејќи СДСМ ниту влегувал во деловни односи со Мацура, ниту купувал или продавал акции и така натаму. Тие приказни дека никој ништо не знае не се само бегање од вистината, бидејќи одговорноста ќе ги стигне, туку и целосно омаловажување на јавноста“, истакна Жерновски.
Притоа, како што кажа Жерновски, наместо да одговари за случајот со Алта банка, Мицкоски се обидува преку институциите и кривичните пријави да ја заплаши и замолчи опозицијата, додавајќи дека ова препознатлив политички модел на Вучиќ, кој сега го применува и Мицкоски – кога ќе се открие афера на власта, наместо одговорност следуваат кривични пријави против опозицијата и медиумски дефокус од вистинските проблеми.
„Внимавајте, преку Кривичниот законик се обидуваат да спречат да се дискутира за Алта банка и за сите тие криминали. Кој го правеше ова? Вучиќ. Копија на политиката на Вучиќ.Ова е проверена формула на секоја режимска влада. Кога ќе се обелодени некоја афера на Мицкоски и на неговата партија, следуваат две работи: кривични пријави, стари случаи што се вадат од фиока или нови, како овој за кој зборуваме, а потоа следуваат некакви мерења на рејтингот, на кои Мицкоски се прикажува одлично во однос на другите. Ова служи за дефокусирање на целата јавност. Пазете за што е кривичното дело? За ширење паника. Тоа е копи-пејст од владеењето на Вучиќ.Зошто го кажувам ова? На крајот, што направи Вучиќ откако пристигна истрагата од Обединетите нации? Обвини за ширење паника. Познато ви е.Е сега, за тоа сме обвинети и ние.Наша должност е да укажуваме на она што го укажуваме веќе една година наназад: дека се внесени криминални пари, дека се внесуваат пари со криминално потекло, дека банка влегла со такви пари и дека некој го овозможил тоа.Кој го овозможил? Не може премиерот да не знае“, рече Жерновски.
Во интервјуто, Жерновски нагласи Владата на Мицкоски, нема никакви резултати во ниту една област, а како последица на тоа животот на граѓаните влошен, а државата изолирана.
„Ова е најслабата Влада во историјата на нашата држава. Сакате на економски план, сакате на темата на надворешната политика, сакате во здравството, образованието или земјоделството. Меѓутоа, кога ќе погледнете од кого е составена, тоа и не треба да нè изненадува“, истакна Жерновски.


