Филипче: Порачајте им на вашите пријатели од Србија со кои правите дилови за мазут да не ми се закануваат, не им се плашам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Христијан, порачајте им на вашите пријатели од Србија со кои правите дилови за мазут да не ми се закануваат, затоа што не им се плашам. Јас сум на страна на Македонија, вие сте на страна на криминалот“, му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието.

Филипче побара од Мицкоски да каже со кого го направил договорот за влез на Алта банка во државата, посочувајќи дека станува збор за банка за која, како што рече, постојат сериозни сомнежи и прашања поврзани со перење пари, шверц на дрога и руски капитал.

„И во такви околности, во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацуа еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката. Што се случи меѓувреме? Велите: „Увезен е проблемот“. Па да, па вие го увезовте тој проблем. Вие ги загрозивте парите на граѓаните, на компаниите и така натаму. И сега се бара некое решение. Па нели немаше проблем? Зошто се бара решение? Моето директно прашање е: со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата?“, праша Филипче.

Линк до видео: