Соопштение за јавност
ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите.
Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор.
Времето за поделби е одамна завршено
За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните.
Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција.
СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината.