fbpx

Стапува на сила Законот за јавно обвинителство, тој е гаранција за силна, независна и ефикасна правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска на сила стапува Законот за Јавно обвинителство која е гаранција за градење на силна, независна и ефикасна правна држава.

СДСМ и параламентарното мнозинство преку овој Закон овозможија ослободување на правосудството и создадоа услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.

Со Законот за јавно обвинителство продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Истовремено продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО

Законот обезбедува избор на обвинители без влијание на политичари и политички партии и најважно, со него нема никаква скриена амнестија. Таквата амнестија постои само во криминалнте умови на ВМРО-ДПМНЕ единствената партија која беше против овој Закон и остана на страната на криминалците и тајкуни.

Јавноста слушна зошто ВМРО-ДПМНЕ правеше се за овој Закон да не се донесе, за да се спаси од одговорност нивниот финансиер и тајкун, Орце Камчев.

Законот за Јавно обвинителство носи владеење на правото, носи ред, правда и дисциплина, колку и тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Последни вести