Соопштение за јавност
Носителката на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1 Мила Царовска вчера вечер на маалска средба во населба Капиштец рече дека СДСМ е партија која што се грижи за сите граѓани подеднакво и дека посеветено работи на намалување на сиромаштијата.
„Сите ранливи семејства во нашата држава кои имаат деца сега имаат право на детски и на образовен додаток. Тоа се над 30.000 деца згрижени и поттикнати да учат и да се движат напред, а со тоа да ја движат и нашата држава напред. На ова ние како социјаледомкрати сме горди, а сигурна сум и дека сите граѓани на нашата држава се горди. Дополнително, ниту едно дете не остана во институција. И тоа не е само заради децата кои беа во институција. Тоа е и заради сите наши деца. Да научат што значи да се живее, а да се биде различен, што значи да се дружиме со различни од нас. Што значи некој да има предизвик, а да се бори да постигне максимум од својот живот. Тоа е голема лекција за сите наши деца“, рече Царовска.
Царовска истакна дека изминатиот мандат е вложено во воспитниот кадар во градинките, но и за социјалните работници.
„Не може да очекувате некој да ни ги воспитува, чува и рани децата повеќе од 8 часа, а да биде речиси на минимална плата. Не може да очекуваме некој да се грижи за најранливите, најсиромашните, да ги извлекува од сиромаштија и да биде на минимална плата. Тоа е невозможно. Тоа е неправедност. Затоа рековме ќе пораснат платите над 25% и во едниот и во другиот сектор и сите тие вработени денес имаат повисок животен стандард“, рече Царовска.