Соопштение за јавност
„Грижата за земјоделците продолжува уште повеќе, обезбедуваме 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој“, истакна претседателот Заев на денешната средба со граѓани и земјоделци во Кривогаштани, Могила и Ивањевци.
Претседателот Заев потенцираше дека изминатите три години се зголемија субвенциите, чија исплата се одвива редовно, навремено и неселективно со што се покажува на дело вистинската грижа за земјоделците и земјоделството.
„За овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци и поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра. Вие кои сте тутунари, многу добро знаете дека ги зголемивме субвенциите за тутун дека има три категории субвенции, од 60,70 и 80 денари по килограм тутун во зависност од неговата класа“, рече пред присутните претседателот Заев уверувајќи дека грижата за земјоделците, за младите земјоделци и жените земјоделки продолжува уште повеќе во следните четири години.
„Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра. До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна 100% субвенционирана „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок. Тоа за вас значи повеќе пари, значи намалени трошоци, значи слободни средства кои ви стојат на располагање, средства кои можете да ги инвестирате во поквалитетно производство.“, подвлече претседателот Заев и додаде дека СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, го цени и вреднува нивниот труд, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира земјоделците.
„ Александар Николоски не може да биде народен претставник на граѓаните од изборната единица 4, зашто никогаш не живеел ниту работел тука. Александар Николовски во Кривогаштани прв пат доаѓал со навигација бидејќи не знаел ни каде се наоѓа, а не пак да зборува за земјоделство.
ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го уништуваше земјоделството, субвенциите ги исплаќаше селективно и пред избори, даваше државно земјиште на лажни земјоделци и партиски членови и функционери и го погази вашето достоинството, вашиот труд. И денес ги гледаме и како опозиција шири лажни вести и се обидува да ве манипулира со земјоделците. Знаеме дека тоа нема да го дозволите, знаеме дека на 15 јули и земјоделците и мнозинството граѓани ќе застанат за нашата понуда, ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат обнова на режимот“, заокружи претседателот Заев.