Соопштение за јавност
Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.
Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија.
Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари.
Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање.
Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош.
Време е да изградиме праведна држава, со ред и дисциплина во сите институции.
Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.
Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.
Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните.
Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.
СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.
На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство.