fbpx

Митрески: Донесовме одлуки кои значат светла иднина за нашата држава, станавме членка на НАТО, ја носиме Европа дома

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Поминавме тежок период, почнавме со крвавиот 27-ми април, ама и покрај тоа рековме дека треба да носиме одлуки кои што ќе значат светла иднина за нашата држава, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата Можеме, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.

„Донесовме тешки и храбри одлуки затоа денес сме членка на НАТО и тогаш само еден човек не аплаудираше, човекот не се израдува својата земја, нашата земја, нашата мала Македонија да седи заедно, рамо до рамо, на иста маса со најголемите светски сили, Македонија да седи заедно со Америка, со Франција, со Британија човекот не успеа ни на тоа да се израдува“, нагласи Митрески.

„Отвораме и преговори за членство во ЕУ, отвораме преговори за да ја донесеме Европа дома, ќе почнеме да ги отвораме поглавјата за да во нашата држава влезат дополнителни 2,5 милијарди евра за да имаме повеќе средства и за борба со коронавирусот, повеќе средства и за здравството, повеќе средства и за инфраструктура, повеќе средства за се она што значи подобрување на секојдневниот живот на нас граѓаните“, нагласи Митрески.

Тој истакна дека и во тој тежок период од 2 ипол години успеавме да направиме многу нешта, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, 5.500 денари плус во џебот на секој работник, тоа е годишни 1.000 евра, 70.000 наши сограѓани добија по 1.000 евра годишно за разлика од оној мрачен и темен период во кој што владееше ВМРО – ДПМНЕ.

На 12.000 наши сограѓани стечајци им го решивме проблемот ни останаа уште 500 – 600 знам дека има овде во Крушево и нив ќе ги решиме, порача Митрески.

Тој додаде дека воведовме социјална пензија, го стабилизиравме пензискиот фонд, пензија се исплаќа без задолжување, но и ја зголемивме пензијата за 720 денари, отворивме 60.000 нови работни места.

Ја вративме евтината тарифа, со тоа 11 милиони евра остануваат во семејствата, рече Митрески.

Воведовме поврат на ДДВ, 10,7 милиони евра си повратија граѓаните и не само тоа граѓаните се инспектори, наплата во буџетот е тројно зголемена, истакна Митрески

Направивме многу работи, но продолжуваме понатаму, минималната плата ќе ја зголемиме до 20.000, просечната до 34.000, бидејќи можеме уште повеќе, уште подобро, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата Можеме, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.

Последни вести