fbpx

Спасовски од Гази Баба: Косомос што го рушеа воскреснуваа, режимот што рушеше е минато, ние градиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на вечершното обраќање во Гази Баба направи споредба на политиките на насочување на парите кон граѓаните и градење на инфраструктурата во сите средини и региони, што е одлика на СДСМ за време на тригодишниот период кога ја има одговорноста да ја води Владата и на владеењето на режимот со крадење и рушење во мрачното минато.

„Покажуваме дека успеавме да го срушиме режимот и да ја ставиме државата на прав пат. И оттука ќа праќаме пораката – никогаш повеќе режим да ја руши и краде државата.
Покажавме дека знаеме да градиме пријателства мостови, институции, инфраструктура, партнерства.

Ако излеземе и погледнеме десно ќе го видиме како воксреснува Космос, што го рушеше режимот. Тоа беше личен хир на Груевски и Јанакиески. Додека тие рушеа, денес се гради“, рече Спасовски.

Последни вести