fbpx

Мицкоски не успеа, твоите незрели политики се поразени по трет пат од граѓаните, татковината продолжува напред со Зоран Заев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

 

 

Разбирлива е нервозата и очајот кај Христијан Мицкоски после третиот последователен изборен пораз што го доживеа.

Но, и месец и половина од изборниот пораз, Мицкоски се уште не може да се помири со тоа што граѓаните уште еднаш го казнија за неговото незрело, несериозно и неодговорно однесување.

Губитникот Мицкоски, после секој пораз бара алиби, се заканува со протести кои потоа мора да ги откажува затоа што граѓаните одамна не му веруваат.

Колку и да му е тешко, Мицкоски мора да сфати дека граѓаните не сакаат незрели, неодговорни политичари како него, кои го штитат криминалот и работат спротивно на интересите на граѓаните.

Мицкоски не успеа. Твоите назадни, незрели и антидржавни политики се поразени од граѓаните трет пат по ред.

Самиот Мицкоски јавно даваше збор дека ќе си поднесе оставка ако не успее да победи и да состави влада, затоа денеска нека не глуми прогнозер.

Татковината продолжува напред, на чело со Зоран Заев и СДСМ, поразениот Мицкоски останува назад.

Во полн четиригодишен мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните.

Последни вести