fbpx

Каевски: Владата е посветена на неселективна борба против криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и популизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Уште на самиот почеток, кога ја формиравме новата влада, предводена од СДСМ се посветуваме на борба против криминалот и неселективна правда, како еден од главните постулати на работењето на новата Влада во наредните четири години, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5

Тој истакна дека еден од главните принципи ќе биде со чесни и одговорни кадри да се спроведат реформите кои ќе ги вратат сјајот на правдата и тоа ќе го направиме во наредните четири години.

Смешно и невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за криминал за корупција и неселективно постапување, рече Каевски, додавајќи дека граѓаните на изборите на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа сериозен црвен картон и лекција, која не ја научиле и продолжуваат со деструктивност, популизам и лаги.

Претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека оваа влада ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и го најави четвриот пакет антикризни мерки, кој ќе им помогне на пензионерите и граѓани од социјален ризик да го поминат овој тежок период.

Сите, а пред се младите очекуваат да работиме силно на воспоставување на правда, како и економски мерки, граѓаните сакаат сигурна иднина во нашата земја, тука е НАТО и ЕУ, ќе се отворат фондови, сакаат да ја доживеат Европа во нашата држава, а тоа ќе го постигнеме и со зголемување на платите и со намалување на невработеноста, порача Каевски.

Тој порача ВМРО-ДПМНЕ да и погледне на реалноста во очи и да сфати дека загуби на изборите на 15 јули, а ги замачкува очите на македонската јавност, со најавување на протести само за да ги задржат своите партиски функции, зашто дел од членството бара оставка од раководството на партијата.

Немојте внатрепартиските проблеми да ги манфестирате со нешто што ќе ја закочи нашата држава, немаме луксуз за поделби доаѓа светло време на преговори за членство во Европската унија, на државата и на граѓаните им е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која лобира против членството во НАТО, не гласа за покачување на минималната плата, повика пратеникот на СДСМ и претседател на СДММ Дарко Каевски

Последни вести