fbpx

Владата предводена од СДСМ ги остварува заложбите за правда и владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и популизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште во првите денови од новиот мандат Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните – правда во оваа држава има и ќе има.

Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара.

Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите.

Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги.

Последни вести