fbpx

Откупот на грозје се решава во интерес на лозарите и винарниците, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделците.

Низ инклузивен, транспарентен пристап, постигнат е договор за надминување на проблемот со откупот на грозје.

Државата, со 4 денари од килограм ќе интервенира во откупот на вранецот и смедеревката, а со 2 денари за високосортното грозје.

Истовремено останува и можноста за супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино.

И во претходниот и во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ преку партнерски однос ги решава сите предизвици на лозарите но и на сите останати земјоделци.

Претходно, Владата предводена од СДСМ го реши долгогодишниот проблем со исплатата на предадено а не исплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари. Со тоа се реши проблем оставен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ кој со години го игнорираше.

Како одговорна партија, насочена кон интересите на граѓаните, СДСМ останува посветена на вистинска грижа за земјоделците. Во новиот мандат вложуваме уште повеќе за уште подобро и поквалитетно земјоделско производство.

Последни вести