fbpx

Ковачевски за ТВ 24: Цената на електричната енергија ја одредува РКЕ, со евтината тарифа, денес, сметките за струја се пониски од оние во 2017 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Цената на електричната енергија не се формира пред или постизборно, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ, цената на електричната енергија, според услови и критериуми, ја формира Регулаторната комисија за енергетика, која во сите сегменти на оценување беше прогласена за најдобра од страна на Европската енергетска заедница, порача вечерва Васко Ковачевски, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Ковачевски, низ конкретен пример посочи дека сега, за разлика од годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаат пониски сметки за струја, благодарение на дневната евтина тарифа што ја донесе токму СДСМ.

– Просечно домаќинство, ако троши околу 250 киловат часови во тоа време, во 2006 година, имало сметка од 822 денари. Во 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ си оди од власт, нема евтина тарифа и просечната цена за истите 250 киловат часови е 1634 денари, што е речиси двојно повисокo. Со доаѓање на СДСМ на власт и реализација на нашето ветување за враќање на евтината тарифа, ако семејството што троши 250 киловат часови пример 150 во скапа тарифа, а 100 киловат часови се евтина тарифа, новата сметка за струја изнесува 1309 денари, односно заштеда од 326 денари. Со новата цена на електричната енергија сметката за истото семејство и истите киловати ќе биде повисока за 97 денари и ќе изнесува 1406 денари, односно повторно има заштеда за разлика од претходно, порача Ковачевски.

Тој порача дека иако ЕСМ немала законска обврска да учествува во двата ЛОТ-а за јавната набавка, сепак АД ЕСМ учствувала и во двата ЛОТ-а, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.

Ковачевски истакна дека денес државата води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во разлноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.

Последни вести