fbpx

Владата предводена од СДСМ го подготвува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните и компаниите, досега, со бескаматни кредити се помогнати 1300 фирми со речиси 17.000 вработени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ, во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата.

Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството.

Последни вести