Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес, како опозиција продолжува со деструктивно однесување кое спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес.
Несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој се уште официјално не е започнат и се уште се наоѓа во тест период.
За прв пат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн систем и тоа се прави за исклучително краток рок. До утрово, на платформата успешно се вклучија 88.000 корисници, предизвици секако дека ќе има, но она што е важно е посветеноста и аганажираноста на сите вклучени страни во брзо надминување на предизвиците и воспоставување на целосно функционален систем на онлајн настава.
ВМРО-ДПМНЕ се последните кои имаат право да зборуваат за технологии во образованието, затоа што никој во државата не знае колку чинеше најголемата инвестиција во образовниот систем и каде завршија компјутерите кои беа за секое дете што вредеа десетици милиони евра, бидејќи кај учениците не завршиле воопшто. Потврда за тоа има и од Државниот завод за ревизија каде во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана, ниту пак бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.
Лажни вести, деструкција и неодговорно однесување, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди. Затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму.