fbpx

Мерките на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат значајна поддршка, преку платежни картички и поддршка за исплата на плати, 97,6 милиони евра завршуваат кај над 360.000 граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со четвртиот пакет мерки во вредност од 470 милиони евра, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува со грижата за сите компании, за сите граѓани погодени со негативните последици од глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот.

Пакетот обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

За над 360.000 граѓани се насочуваат 97,6 милиони евра само со мерките за поддршка на исплата на плати и преку платежните картички за поттикнување на куповната моќ.

Вкупно 70 милиони евра се наменети за спас на 83.000 работни места, со исплата на 250.000 плати во октовмри, ноември и декември. Поддршката за исплата на плати е скалеста, во зависност од падот на приходите на компаниите и ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно.

27.6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 наши сограѓани кои ќе добијат платежни картички во износ од по 6.000 денари.

Вакви платежни картички ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари,, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош за граѓаните и стопанството, за оние на кои во овој период таа им е најмногу потребна.

Последни вести