fbpx

Зеќири за ТВ24: Не е време за политички хирови, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е за поголема превенција од коронавирусот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Ситуацијата е крајно сериозна, тактизирањето во врска со донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на опозицијата е несфатливо и за нас и за граѓаните, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири при гостувањето во емсијата „Анализа“ на ТВ24.

Тој нагласи дека Законот не се носи за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, законот се носи за превенција од заразата со која се соочуваме.

Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот, рече Зеќири.

Потпретседателот Зеќири изрази надеж дека нема да има повеќе потреба од тактизирање и дека измените на законот ќе бидат усвоени веќе следната недела.