Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски тераат политиканство и се однесуваат опасно по здравјето на граѓаните.
Наместо да се грижат за јавното здравје, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за сопствените интереси.
Деструкција, лажни вести, поткопување на здравствениот систем, тоа е се што гледаат граѓаните од опозициската партија во овие осум месеци пандемија.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наутро глумат загриженост за коронавирусот, а попладне масовно ги кршат мерките за заштита, глумат загриженост за инвестициите во здравството, а кочеа заем од 33 милиони евра за набавка на нова опрема, глумат загриженост за јавното здравје, а членови на Извршниот комитет велат дека вирусот не е опасен и дека маски не треба да се носат.
Сето дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е спротивно на интересите на граѓаните, а со единствена цел, Мицкоски да ја зачува фотелјата во белата палата. Токму затоа губат на три изборни циклуси по ред и токму затоа уште долго остануваат во опозиција.