Мицкоски и антиевропското ВМРО-ДПМНЕ немаат чувство за државните и за националните интереси

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слави блокадата на Бугарија на преговарачката рамка на Северна Македонија за Европската унија, со што, уште еднаш докажува дека нема чувство за државните и за националните интереси.

Ова е реприза на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во изминатиот период.

Не направија ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочеа, кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат во овој тежок момент, но добро знаат дека не им успеаја блокадите за НАТО, нема да им успеат ни за ЕУ.

Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европска иднина на нашата држава.