Соопштение за јавност
Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина на државата, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.
Хистеријата што Мицкоски ја ширеше во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, во обид да се закочи државата, да стави уште една сопка, се издиша како балон.
Едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски ги поддржаа лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ.
Јавноста синоќа сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство, а Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест, што самиот го организираше.
Но, едно е јасно, граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.
Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет, во најтешките преговори во историјата на земјата, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес, кој ја држеше земјата 11 години во изолација.
Затоа Мицкоски доживеа дебакл на својот протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.