fbpx

Хистеричниот Мицкоски да не чека туку да одговори, за кои структури одработува?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Самопрогласениот хистеричен политичар четири дена се крие и не дава одговор на јавно поставени прашања.

Наместо одговор, Мицкоски со денови организира собири за спас на неговата фотелја во белиот дворец, а преку неговите пратеници се обидува да ја блокира работата на Собранието.

Мицкоски да собере храброст и да одговори на прашањата за кои јавноста четири дена чека одговори:

Кој му ја доставил информацијата за наводно распарчување на државата? Зошто тоа не го пријавил до надлежни институции. За кои структури во Бугарија и за какви цели одработува Мицкоски?

Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори, да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг.

Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата.

Мнозинството граѓани даде огромна поддршка за напредокот и за иднината. Република Северна Македонија чекори напред кон прогресивна иднина и кон остварување на стратешките заложби.

Колку и да не му се допаѓа, колку и да е хистеричен, Мицкоски нема да ги блокира реформите и европскиот пат на државата.

Последни вести