fbpx

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во и надвор од законодавниот дом

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и штетно и во Собранието и надвор од него, нанесувајќи штета на интересите на граѓаните и на државата, и тоа во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана со пандемијата од коронавирусот.

Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом, за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки, за да не можат пензионерите, невработените, компаниите да добијат помош.

3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се изолација да можат да работат од далечина.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом, со групирање, организирање на протести за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо, глумат загриженост за здравјето, а не ги почитуваат мерките.

Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието.

Нема да успее антидржавното, антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, нема да успеат да го блокираат напредокот на државата.

Последни вести