fbpx

ВМРО-ДПМНЕ уште мавта со речникот на Груевски, освен хајки, лажни вести и деструкција не нудат ништо друго

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

Расте паниката во белиот дворец откако ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и меѓународно се препознаени како главен извор на дезинформации и лажни вести.

Речникот на Груевски со кој денес комуницира ВМРО-ДПМНЕ, хајките, нападите и конструкциите со кои се служат покажува дека партијата предводена од Мицкоски не е мрдната од режимската матрица.

За ВМРО-ДПМНЕ Сорос беше виновен кога цел свет известуваше дека Северна Македонија е заробена држава, кога бевме последни по медиумски слободи во Европа. Сорос им беше виновен кога лажеа дека ќе се градат населби за мигранти низ македонските граѓани. Денес, повторно им е виновен Сорос што кредибилна студија ги мапира како главни извори на лажни вести.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, освен лажни вести, хајки и деструкција не нудат ништо добро за граѓаните и за државата.

Затоа се таму каде што се, во опозиција,изолирани во сопствениот очај и хистерија.

Последни вести