fbpx

Шекеринска на трибина на Форум на жени на СДСМ: Наша цел не е само да го прекинеме молкот, туку и да ја засилиме акцијата во елиминацијата на насилството врз жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Еднаквоста на мажи и жени е една од фундаментални вредности на ЕУ, но и таму студиите говорат дека степенот на насилство врз жените е доста присутен, но Унијата е посветена на борбата против родово-базираното насилство, посветена на унапредување на статусот на жената и ние треба да го следиме тоа, порача вечерва заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на онлајн трибината „Молкот НЕ е решение“ во организација на Форумот на жени на СДСМ.

„Треба да бидеме храбри, може да ги преземаме некои од прецесите што ЕУ уште сега ги воведува и планира, па можеме да бидеме и пред некои од земјите членки. ЕУ планира да донесе Директива со која во поглед на платите на транспарентност ќе го обврзе и приватниот сектор, затоа што најголем дел од фирмите каде е детектирана најголема разлика во платите меѓу мажите и жените, се нетранспарентни, односно никој не знае колкави примања има колегата кој врши иста работа. Второ, новите планови за зголемување на квотите на жени во бордовите на компаниите, каде се предлага квота од 40 отсто“ рече Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска ја поздрави онлајн трибината истакнувајќи дека наша цел не е само да го прекинеме молкот, туку и да ја засилиме акцијата во елиминацијата на насилството врз жените.

Таа порача дека во последните години Република Северна Македонија напредувала во некои теми и денес на тие прашања е пред одредени земји членки на ЕУ.

„На состанокот на Президиумот на Партијата на европски социјалисти, се зборуваше дека некои земји членки на Унијата имаат резерви или се повлекуваат од ратификацијата на Истанбулската конвенција. Репубика Северна Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвеција, на два пати беше гласан Законот за антидискриминација, одиме чекор напред со Законот за спречување насилство и мислам дека во поглед на некои патријахални навики и патријахални атмосфери во некои држави членки на ЕУ, ние како држава покажавме дека ако си храбар, дури и опозицијата на едни вакви прогресивни политики, ќе ослаби, порача Шекеринска.

 

Последни вести