fbpx

Честитка на генералниот секретар Николовски за Св. Климент Охридски: Неизмерна почит кон делото на Климент Охридски, горди сме на кирилицата составен дел од нашиот македонски идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод празникот Свети Климент Охридски, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Љупчо Николовски упати честитка до сите православни верници.

„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денеска, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, човекот кој на чие дело и посветеност се раѓа словенската литература, на првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.

Благодарение на трудот на Св. Климент Охридски кој целиот свој живот го посветил на создавање на македонската и сесловенската литература и писменост, денес, сите сме горди на нашето писмо – кирилицата,составен дел на нашиот македонски идентитет.

Неизмерна почит кон делото на Климент Охридски кое е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности, но истовремено и за создавањето на македонскиот литературен јазик, потврден и признаен во целиот свет.“

Последни вести