Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска треба да излезе пред јавноста и јавно да се извини на македонскиот народ за сите лаги и хистерии што ги ширеше овој период во однос на македонскиот идентитет и јазик.
Срушени се сите негови клевети и лаги дека се распродавал македонскиот идентитет, дека се распрачувала нашата татковина.
Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.
Секогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.
Последен доказ е стратешката грешка и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија.
Не издржа Христијан Мицкоски, па поита овој пораз на европските вредности, да го воспева како своја победа.
Ништо ново од партијата која правеше се за да го блокира напредокот во интеграцијата, партијата чиј претседател не смогна сили ниту да го честита членството во НАТО.
Се потврди дека се што излегува од устата на Мицкоски е ноторна лага и ова е уште еден негов пораз.
Граѓаните тоа одамна го знаат затоа тој и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција.