Соопштение за јавност
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од хистеричниот Христијан Мицкоски, заглавена во безидејност и деструктивност, без став и предлог за клучните прашања во државата нема што друго да им понуди на граѓаните освен лажни вести и дезинформации.
Единствена вистина е изјавата на Мицкоски дека токму тој е на браникот на криминалот.
Лажеа дека се распарчува државата, дека се распродава идентитетот, со што ги поткопуваа државните позиции.
Лажеа дека 100.000 граѓани останале без работа, дека во земјата ќе се населуваат мигранти.
Лажеа дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека нема заштита опрема за здравствените работници, а го опструираа здравствениот систем и опремувањето на 16 ковид болници.
Ширеа невистини преку Вело Марковски дека вирусот не е опасен и дека носењето маска е не е потребно.
Лажат дека се загрижени за здравјето на граѓаните, а организираат собири на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.
Граѓаните одамна ги прочитаа нивните лаги, три пати на избори го поразија лидерот на партијата во стечај, заштитникот на криминалот Мицкоски, кој како дезинформатор го потврди и студија на ЕУ.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.