fbpx

Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните, редно е да си ја научи лекцијата наместо да ги промовира ставовите на Бугарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните и редно е да ја научи лекцијата: Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот.

Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси.

Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.

Оачен е Мицкоски затоа што деструкцијата не му успева, затоа што неговите политики постојано се поразувани. Последен пример е вчерашниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку бојкот, преку опструкции да спречи носење на Буџетот за 2021 година во Собранието, кои не успеаја.

И наместо да и се извини на јавноста, Мицкоски во очај се фали со илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и најавува нови блокади во Собранието.

Со таквото однесување Мицкоски уште долго ќе биде во опозицијата затоа што граѓаните се напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација и неизвесност.

Последни вести