Соопштение за јавност
Меѓу приоритетите во стратешката рамка “Акција 21”, на Владата предводена од СДСМ е заштитата на животната средина, природните богатства, силна и бескомпромисна борба за чиста и здрава околина.
Казните за прекршоци во животната средина ги зголемивме до 20 пати и воведуваме 24 часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и на локалните инспекторати, чии ингеренции се зајакнати.
За 2021 година во Програмата за намалување на аерозагадувањето предвидени се 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност како и обновување на урбаното зеленило.
До 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси.
Ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која досегашните комунални инспектори и екопатроли ќе можат заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности, за што Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон.
Со цел обезбедување чист воздух и здрава животна средина, од државниот буџет со 70 милиони евра ќе се финансира еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје, а воедно ќе продолжат и субвенциите, како проектот инвертер клими за дополнителни 5.000 домаќинства.
Еден од главните приоритети во областа на животната средина е зголемување на бројот на заштитени природни подрачја.
Годинава започна постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, постапката за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа, како и на дел од Водно за заштитен предел.
Во 2021 година ќе продолжиме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.
Со ефикасна борба за заштита на животната средина, обезбедувањето на еколошки чиста и здрава околина, чист воздух ја носиме Европа дома, обезбедуваме европските стандарди за подобар живот на сите граѓани.