Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на брза трака можат да ја вратат државата само назад во режим, во изолација и масовно газење врз човековите права и слободи и врз медиумите.
Граѓаните одамна знаат дека тој е изворот на фалични вести и затоа шест пати го поразуваат на изборни соочувања.
Мицкоски се противи на тврдењето дека нема веќе нарачани вести во медиумите. И веројатно единствено за тоа е во право, ако се земе предвид дека се уште постојат неколку неслободни медиуми кај што Мицкоски нарачува вести. Но, ветуваме, Владата предводена од СДСМ ќе направи сѐ што е во нејзина надлежност, слободата да дојде и кај нив.
Лицемерно, неодговорно и несериозно е Мицкоски да зборува за евроинтеграции и слободи кога правеше сѐ за да ги закочи реформите важни за напредокот на државата, кога беше единствениот кој не се израдува и не честита за влезот на Северна Македонија во НАТО.
Заради таквиот однос кон државата и граѓаните тој е во опозиција и уште долго ќе остане таму.