Соопштение за јавност
Со новиот начин на работа, СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем.
По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ:
Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.
Во Новаци – Наумче Смилевски
Во Желино – Аднан Демири
Во Липково – Буњамин Муслиу
Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова
Во Сопиште – Далибор Богдановски
Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски
Во Демир Хисар – Николче Димитријовски
Во Јегуновце – Александар Стефановиќ
Во Студеничани – Елвира Мелиќ
СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат.
А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково.
Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата.
СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување.