fbpx

Срамот е на ВМРО-ДПМНЕ, токму таа партија ја запусти Армијата, армија која денес е дел од НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја запусти Армијата. ВМРО-ДПМНЕ ја остави Армијата со ниски плати, со распарталени униформи и чизми што се распаѓаат. Не исплаќаа дневници за дежурства, ниту го решија станбеното прашање.

Тоа беше партијата која постојано го кратеше буџетот на Армијата за да дотура во буџетот на полицијата затоа што градеа полициска држава.

Не ни помислија да обезбедат бенефициран стаж за припадниците на Армијата, а не пак спортска опрема или пензија според најдобрите 10 години.

ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за членство во НАТО ниту пак за модернизација на Армијата. Имаа инженериска единица без ниту една инженериска машина.

И сега после 10 години, им текна на Армијата? Малку доцна. Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска, Република Северна Македонија е членка на НАТО. Денеска Армијата е и НАТО Армија. Со повисоки плати, со станбени додатоци, со целосно нови униформи и опрема, со бенефициран стаж и поволни услови, со касарни кои се реновираат. Денеска сме сојузници со најмоќните.

И затоа паѓаат во вода сите трикови на ВМРО-ДПМНЕ за да ги омаловажат тие достигнувања. Вклучително и кампањата што ја водат против својата држава и Армија и против редовните НАТО безбедносни процедури.

Нема да им успее како што не им успеаја опструкциите на членството во НАТО.

Последни вести