Со денешната изјава, на виделина излезе дека токму ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои заради дневнопартиски цели манипулираат со матурантите и средношколците.
Наместо да нуди конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира матурантите и очајно се обидува да го поткопа образованиот систем на штета на генерации ученици.
Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што ем бара матурантите да се стекнат со повеќе знаења, ем бара предметите за полагање на државна матура да се намалат двојно.
Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Оваа партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните, на интересите на учениците и наставниците. Затоа се таму каде што се, во опозиција, каде долго ќе останат.
Континуитетот на наставата и матурата се во најдобар интерес на учениците и идните генерации. Ги повикуваме и апелираме до граѓаните, матурантите и учениците да не подлегнуваат на политичките манипулации на ВМРО-ДПМНЕ кои може да му донесат само штета на образовниот систем.