Мицкоски е на браникот на криминалот!

mickoski 1
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски не само што прави компромиси, тој е единствениот на браникот на криминалот, како што и сам јавно призна.

Дека Мицкоски е на браникот на криминалот потврда е тоа што беше против Законот за јавно обвинителство, што се обидуваше да застане на патот на правдата безброј пати досега, но не успеа.

Мицкоски додека зборува за криминал токму денеска се одржува рочиште за предмет за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Одбрана на криминалот, лажни вести и деструкција се трите столба на дејствување на докажаниот губитник Мицкоски.

Ништо конструктивно, ништо полезно за државата и граѓаните не нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, работат против се што е во интерес на граѓаните и државата, работат против националните интереси.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ во континуитет е поразувана од граѓаните, затоа ја нема поддршката од јавноста, а со вакво однесување уште долго ќе остане во опозиција.