fbpx

Државата ќе спроведе попис по 19 години, ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да го саботира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

Немањето попис цели две децении е штетно. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис во 2011 и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари, а сега, како и при сите клучни работи во државата бара причини за блокади и опструкции и се обидува да го саботира целиот процес.

Губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис и ги повикуваат граѓаните на прекршување на законите.

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.

Пописот е статистичка операција, која ќе ја реализира Државниот завод за статистика, според сите европски стандарди, во интерес на граѓаните и на државата.

Времето на политикантски калкулации и хирови на Мицкоски заврши, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место.

Со СДСМ државата по 19 години, на пролет конечно ќе добие попис спроведен по сите меѓународни стандарди.

Последни вести