fbpx

Калеска-Ванчева: Со пописот ќе добиеме статистичка издржана операција која ќе ги постигне целите за натамошен развој на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во отвореното студио на Телевизија 24, истакна дека пописот којшто треба да се одржи во април годинава, ќе биде идржан и ќе ги постигне целите за кои се прави една ваква најобемна операција кај нас и во светот.

Пратеничката Калеска Ванчева како прва причина го посочи фактот дека согласно Законот за попис, изгласан од мнозинството пратеници во Собранието, пописот ќе биде спроведен од професионалци од страна на професионална институција, Државниот завод за статистика, по меѓународни практики и согласно стандардите на ЕВРОСТАТ.

“Верувам дека овој Закон ги задоволува сите европски стандарди и верувам дека ќе биде успешна операција”, рече Калеска Ванчева.

Во однос на носењето на Законот, Калеска Ванчева истакна дека Законот за попис се подготвувал од 2018 година кога беа прифатени и сугестиите на ВМРО ДПМНЕ.

“Од март 2018 се спрема овој закон, јавно објавено, домашни експерти беа вклучени пред да влезе во собраниска процедура и беа преку 20 забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги даде вметнати во Законот. Не е точно и дека се носи наводно на шверцерски начин. Вистината е сосема поинаква”, рече Калеска Ванчева.

Последни вести