Соопштение за јавност
Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речиси една недела молчи за скандалот со неговиот близок соработник дезинформаторот Антонијо Милошоски, кој според јавно достапни документи бил осудуван и казнет во Германија за кражба, злоупотреба и измама.
Мицкоски повторно нема став, не се произнесе, како и за многу други прашања каде е јавно повикан.
Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини.
Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.
Пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот.
Милошоски е срам за македонската држава, за Собранието и за парламентарната демократија
Затоа Милошоски треба да преземе одговорност за своите постапки, да си даде оставка на функцијата пратеник и да им се извини на граѓаните.